Diablo Immortal излезе пред точно два месеци, а моментално може да се пофали со многу добар профит.
На почетокот на јуни, кога беше лансирана играта, Diablo Immortal привлече 10 милиони играчи за само две недели и заработи близу 25 милиони долари. Играта сега е инсталирана повеќе од 20 милиони пати и има заработено над 100 милиони долари.
И покрај многуте контроверзии и негодувања на играчите поради методот на монетизација што го користи играта, Diablo Immortal продолжува да носи голем успех на Activision Blizzard.
Според аналитичарите од Sensor Tower, Diablo Immortal ја удвои својата корисничка база додека заработи 100 милиони долари две недели пред мобилниот хит на Nintendo Fire Emblem Heroes.
Diablo Immortal сè уште не влезе во Топ 10 мобилни игри со најголема заработка и моментално е рангирана на 13-то место. Сепак, бидејќи играта штотуку беше објавена во Кина, бројот на играчи и заработката се очекува дополнително да се зголемат.
Diablo Immortal беше објавена на 2 јуни за iOS, Android и PC платформи.