Motorola вчера требаше да претстави два нови и многу важни смартфони, но настанот беше откажан само неколку часа пред почетокот.
По бројните тизери и најави за медиумскиот настан планиран во Кина, Motorola ја откажа презентацијата на два мобилни телефони, преклопниот Moto Razr 2022 и флегшип моделот Moto X30 Pro.
Информациите за откажувањето на настанот ги објави генералниот менаџер на Motorola и Lenovo, Чен Жиен преку социјалната мрежа Weibo, а потоа веста беше објавена и на официјалната веб-страница на Motorola. Деталите и причината се уште се тајна. Се работи се уреди кои се многу важни за брендот.
Razr 2022 е флексибилен смартфон со екран од 6,67 инчи, надворешен дисплеј од 2,65 инчи, со 18GB RAM и простор за складирање до 512 GB.
X30 Pro има екран од 6,67 инчи, процесор Snapdragon 8 Plus Gen 1 и поддржува супер брзо полнење од 125 W.
Официјално, причината за откажувањето на настанот не е објавена, а нема ниту нов датум за претставување на споменатите уреди.