Според анализите, близу 40 проценти од Генерацијата Z одлучуваат да пребаруваат на интернет преку популарните апликации TikTok и Instagram, наспроти пребарувањето на Google Search и мапите.
Како што пренесува TechCrunch, Извршниот директор на Google, Сундар Пичаи истакна дека е свесен дека TikTok форматот го менува начинот на кој младите пребаруваат на интернет, а додаде и дека Google сака да биде во тек со светските трендови.
Интерната студија и статистиката на компанијата покажуваат дека речиси 40 отсто од младите кога бараат место каде планираат да ручаат, не одат на Google Maps или Search, туку одат на TikTok или Instagram.
Google планира одредени промени, кои треба да ja привлечат помладtaа публика, а тоа ја вклучува и можноста корисникот да ја движи камерата vo одредена област и да добие подобар увид во достапните објекти на поширока сцена.
Веќе имаше извештаи дека TikTok се повеќе станува закана за Google, посебно кога станува збор за видео сервисот на компанијата YouTube.
TikTok е најбрзо растечка апликација во сегментот на социјалните мрежи, а во последните години доживеа вистинска експанзија. Приходите од рекламирање на TikTok се очекува да го надминат YouTube до 2024 година.