Huawei минатата година претстави само една флегшип серија смартфони – Huawei P50. Пристигна многу доцна, а потоа компанијата изјави дека поради познати проблеми во иднина ќе презентира само една флегшип серија годишно, а не две, како што беше досега. На почетокот на годината Huawei потврди дека 2022 година е резервирана за серијата Huawei Mate 50, но тогаш не прецизираше во кој месец тоа ќе се случи. Сепак, познат дојавувач сега ја открива таа информација.
Huawei Mate 50 серијата ќе ја наследи Huawei Mate 40 серијата, која беше претставена пред две години. Познатиот дојавувач Digital Chat Station сподели некои детали за оваа серија.
Најпрвин, тој известува дека серијата Huawei Mate 50 ќе вклучува три модели – Huawei Mate 50, Huawei Mate 50 Pro и Huawei Mate 50 RS. Потоа наведува дека сите три модели ќе ги покренува Kirin 9000S чипсет, кој ќе пристигнува само со 4G поддршка.
Овој дојавувач сподели и фотографија на која се гледа задниот дел од наводните Huawei Mate 50 и Huawei Mate 50 Pro уреди. На фотографијата се забележуват мали разлики помеѓу овие два модели.
Понатаму, дојавувачот известува дека заедно со серијата Huawei Mate 50, ќе дебитира новата верзија на оперативниот систем на Huawei – HarmonyOS 3.0, која беше претставена пред неколку дена.
Во однос на временската рамка во која ќе бидат претставени Huawei Mate 50 уредите, споменатиот дојавувач наведува дека Huawei Mate 50 серијата заедно со Harmony OS 3.0 ќе биде претставена во деветтиот месец од оваа година. Наводно, на истиот настан би можеле да бидат претставени и електричните автомобили Aito M5 EV и Aito M7.