Навивачите на FIFA Mobile кои повеќе би сакале да управуваат со цел тим наместо да ги контролираат играчите, сега имаат шанса да го сторат тоа.
EA воведе нов режим – Manager Mode – достапен во FIFA Mobile за уреди со Android и iOS. Овој режим е фокусиран на стратегија и тактика наместо на акција. Гејмерот го избира почетниот состав, ја одредува тактиката во реално време (за време на напад или контра) и го пушта неговиот тим да го игра натпреварот.
Новото ажурирање носи подобрувања на голманите, додава опции за менување играчи и нуди опрема за 30 репрезентации, а веќе е достапна за играчите.
Manager Mode is Out Now! 💪 #FIFAMobile's big update introduces a new way to compete. 👔
As a football manager, watch your strategy play out, make changes in real-time, and win to collect rewards. 🔥 pic.twitter.com/L5ou7E3qSf
— FIFA Mobile (@EAFIFAMOBILE) August 2, 2022
Треба да се каже дека FIFA Mobile не е претворен во симулација како Football Manager, нема скаутирање на талентирани играчи, ниту пак креирање програми за тренинзи и „борба“ со управата на тимот. Ова е повеќе фудбалски еквивалент на игри како Auto Chess или Teamfight Tactic и е малку порелаксирано искуство кое повеќе ги наградува следењето на ситуации и реакциите, отколку брзите рефлекси.