Веќе извесно време се шпекулира за „крајната“ цел на компанијата Apple, а тоа е уред без никакви влезови на него кој безжично ќе ги извршува сите потребни задачи, вклучително и полнењето. Сè уште сме далеку од тоа, но компанијаta продолжува да прави мали чекори во своите различни уреди. Најпрвин, iPhone остана без приклучок за слушалки, потоа iPad Pro моделиуте, а како што објави TheVerge, сега на ред е основниот iPad.
Рендери што зборуваат многу
Иако одамна рековме дека веќе не е новост кога телефонот се испорачува без овој влез, отсуството на приклучок од 3,5 милиметри на таблет уред, каде што има многу повеќе простор отколку во смартфонот и каде што неговото отсуство е многу повеќе тешко е да се оправда, сепак е вест која зборува за идните трендови на компанијата Apple и воопшто целата индустрија.
Според CAD рендерите од претстојниот основен iPad од 10-та генерација добиени од компанија што произведува маски, овој таблет нема да има 3,5 милиметарски приклучок за слушалки. Не е присутен ниту на врвот или на дното на уредот и тешко дека би се појавил на левата или десната страна. Ова е значајно, особено за основниот iPad модел, кој имаше приближно ист дизајн во последните пет години, од 2017 година. Со новиот дизајн, овој таблет е многу посличен на поновите модели на iPhone и други iPad уреди, што значи дека Apple решил целосно да ја заокружи својата дизајнерска филозофија за овој период.
Од друга страна, Home копчето и натаму е тука, а присутни се и пошироки рамки околу екранот од долната и горната страна. Од останатите информации, се претпоставува дека екранот ќе има поголема дијагонала и дека редизајнираниот камера модул ќе потсетува на оној што се наоѓаше на iPhone X. На крајот, тука е и USB Type-C портот.
Датум на претставување
Основиот iPad модел се очекува наесен, а во овој момент не е познато колкава ќе биде неговата цена и дали ќе чини повеќе од iPad од 9. генерација, кој стартуваше со цена од 329 долари.