Годинашното истражување на светскиот бизнис во рамките на индексот Fortune Global 500 покажа интересни трендови.
Првиот заклучок е бројката од 316 компании кои доаѓаат од само три земји – Кина (145 компании), САД (124) и Јапонија (47) заедно имаат повеќе од 63 отсто од сите големи корпорации во светот.
Подемот на Кина во глобалната корпоративна хиерархија е една од најголемите деловни приказни во изминатите две децении. Кина (вклучувајќи го и Тајван) ги надмина САД за прв пат во фискалната 2018 година во битката за најголем број компании од Глобал 500, пренесува Investor.
Приходите на кинеските компании на листата на Fortune Global 500 ги надминаа приходите на нивните американски колеги за прв пат во фискалната 2021 година, според годишното рангирање на магазинот објавено во средата. Приходите од кинеските компании на листата сочинуваат 31 отсто од вкупниот број, надминувајќи ги нивните еквиваленти во САД, кои изнесуваат 30 отсто.
Кина го зголеми своето водство во 2020 година, кога Ковид-19 затвори голем дел од светот, а оваа сила продолжи да се зајакнува.
Се покажа и огромниот степен на вклученост на државата во големите кинески компании: 87 компании од континентална Кина на овогодинешната листа се мнозински или целосно државни. Кинеските интернет гиганти JD.com, Alibaba и Tencent се искачија нагоре на табелата, рангирајќи се на 46, 55 и 121-то место, што е нивно најдобро остварување од влегувањето на листата.