Samsung најави дека раното лансирање на One IU 5 ќе биде ексклузивно за Германија, Јужна Кореја и САД, но брзо ја повлече објавата од својата веб-страница, веројатно затоа што најавата се појави порано отколку што требаше. Додека Samsung работи на изборот на вистинско време, корисниците кои добија ран пристап до One UI 5 веќе ги покажаа новите функции на Twitter, пренесува DigitalTrends.
Како што се очекуваше, One UI 5 се фокусира на можноста за прилагодување на изгледот на интерфејсот. Сега корисниците на Galaxy ќе имаат речиси неограничени опции кога станува збор за тоа како сакаат да изгледа нивниот кориснички интерфејс. Првите примери што се гледаат на Twitter покажуваат детали како проширени опции за боја, натрупување виџети и повеќе начини за приспособување на поставките за известувања.
Другите функции вклучуваат подобрени поставки за аудио, јазик, подобрена камера и опции за достапност. Покрај тоа, карактеристиките на камерата нудат многу нови функционалности, како што се практични водичи кои ги упатуваат корисниците како правилно да ги користат сите леќи на камерата на Galaxy S22.
Yay! One UI 5 offers 16 Dynamic Theme Colour Palettes #OneUI5 #Samsung #Android13 https://t.co/cyjocymPSZ
— Sammy Fans (@thesammyfans) August 5, 2022
Ако имате Galaxy S22 и сакате да ја испробате One UI 5 бета верзијата, преземете ја и отворете ја апликацијата Samsung Members и би требало да видите известување преку симбол за ѕвонче на горниот дел од почетниот екран. Имајте предвид дека бета верзијата моментно е достапна само во САД, Германија и Јужна Кореја. Дали и кога листата на земји ќе се прошири останува да видиме.