Статуа на индиската божица Парвати од XII век, украдена во 1971 година од храм во индиската сојузна држава Тамил Наду, е пронајдена во Њујорк.
Според индиската полиција, статуата е пронајдена во приватната аукциска куќа Бонамс и веќе е подготвена документација за нејзино враќање.
Од Бонамс засега не го коментираа случајот.
Статуата висока 52 сантиметра е една од пет статуи што претходно исчезнаа од индискиот храм.
Изминатите неколку години Индија ги зајакна напорите да ги врати статуите на божества и други антиквитети украдени или прошверцувани од нејзините храмови.
#Congrats ! To my team for tracing an elegant antique #idol of #Parvati in tribhanga pose stolen from #Nadanapureeswara temple in Thandanthottam, to Bonhams House,New York.Wing has readied papers to bring it back . @tnpoliceoffl @CMOTamilnadu, #IPS, #police @mkstalin @TNDIPRNEWS pic.twitter.com/3PcFBo9wcI
— Jayanth Murali IPS, DGP, Author of “42 Mondays” (@jayantmuraliips) August 8, 2022
Индискиот премиер Нарендра Моди во февруари информираше дека од 2014 година во земјата успешно се вратени „над 200 статуи на божества“.
Пред две години, Обединетото Кралство на Индија ѝ врати три бронзени статуи, украдени пред повеќе од 40 години од храм во Тамил Наду.