Според информациите на реномираниот аналитичар на Apple, заинтересираните корисници ќе мора да „погледнат длабоко во џебовите“ за да си ги дозволат претстојните AR/VR очила на компанијата
Не е тајна дека одделот за дизајн и развој на Apple веќе подолго време работи на очила за проширена и виртуелна реалност (AR/VR), а сега пристигнуваат нови информации. Познатиот аналитичар на Apple, Минг-Чи Куо најави дека компанијата би можела да ги објави во јануари 2023 година, но дека ќе се продаваат по висока цена.
Според Kuo, AR/VR очилата на Apple ќе чинат помеѓу 2.000 и 2.500 долари. Се работи за многу висока цена, но ако му се верува на аналитичарот на Apple, овие очила ќе бидат „следниот револуционерен производ за потрошувачка електроника по iPhone“.
Сепак, поради високата цена, Куо смета дека Apple ќе има проблеми со продажбата на очилата. Токму поради оваа причина, презентацијата ќе се фокусира на три главни точки – случаи на употреба, софтвер/услуга/развоен екосистем и детали за хардверските спецификации – се со цел компанијата да ги убеди акционерите дека очилата ќе добијат на популарност во следните неколку години .
Иако Apple сè уште официјално не ги објавил своите „револуционерни“ AR/VR очила, Куо вели дека компанијата веќе подготвува поевтина и подостапна верзија за почетокот на 2025 година. Покрај тоа, технолошкиот гигант од Купертино подготвува и очила наменети само за AR, пишува 9to5Mac.
За потсетување, AR/VR очилата на Apple треба да имаат мрежеста површина што се потпира на лицето, лента за глава слична на нараквицата на Apple Watch и треба да бидат лесни и удобни. Концептот на очилата е изработен уште одамна, но се уште ништо не е официјално потврдено.