Меѓународен тим на научници успеа да создаде мапа заснована на современи скрининг методи за следење на информациите помеѓу клетките на имунолошкиот систем.
Човечкиот имунолошки систем се состои од мрежа на клетки кои патуваат низ телото и скенираат за знаци на оштетување или болест, со цел да ги пренесат информациите и на тој начин да предизвикаат одбранбен одговор на телото. Експертите овој процес го нарекуваат „сигнализирање од клетка до клетка“ и објаснуваат дека се одвива преку протеини на нивните површини.
Подобро разбирање на врските
Милиони луѓе ширум светот страдаат од автоимуни нарушувања и малигни видови на рак, што ги поттикнува научниците и лекарите да ги истражуваат овие процеси со цел подобро да ги разберат и поефикасно да ги третираат своите пациенти. Меѓутоа, бидејќи досега имаа нецелосна мапа на имунолошкиот систем, имаше и бројни непознати во разбирањето на врските помеѓу рецепторите.
Затоа, научниците од Институтот „Велка Сангер“ во Кембриџ и Државниот институт во Цирих решија да истражат како имуните клетки во човечкото тело комуницираат и како се јавува врската. Резултатите од студијата се објавени во списанието Nature и откриваат многу досега непознати интеракции кои на научниците им даваат увид во организацијата на имунолошката одбрана на телото и надеж дека новото знаење ќе придонесе за развој на поефикасни имунотерапии.
Researchers developed a comprehensive map of the network of connections that make up the human immune system.
The map highlights the individual cell types, messengers & relative speed of communication taking place between immune cells.https://t.co/zN6Gl7uz3O pic.twitter.com/OxYs0mhzD7
— MicrobesInfect (@MicrobesInfect) August 7, 2022
Досегашните имунотерапии се покажаа како ефикасен третман во лекувањето, особено за одредени видови на рак. Сепак, научниците ги мачи прашањето зошто тие делуваат добро само за одредени пациенти или состојби, а не за други. Исто така, доколку сакаат да спречат појава на автоимуни болести, мора да ги разберат првичните сигнали и како телото се напаѓа самото себе.
По долгогодишно истражување на внатрешните имунолошки процеси, научниците успеаја да изолираат речиси целосен сет на површински протеини кои ги поврзуваат клетките. Благодарение на современите технологии и математичките пресметки, тие создадоа мапа на која се прикажани типовите на клетки, предавателите на информации и брзината на размена на информации меѓу нив.
Map of the physical interactions between different cells of the immune system: https://t.co/cLmE54LzvJ pic.twitter.com/iemuO87nJB
— Nick Jikomes, PhD (@trikomes) August 4, 2022
Авторот на студијата, Џерод Шилдс, објаснува како преку детална анализа на секоја имуна клетка, како и проучување на нивната интеракција, успеале да ја создадат првата мапа на комуникации кои се одвиваат во човечкото тело на имунолошко ниво. Ова е она што тој заклучува дека е огромен чекор напред во разбирањето на функционирањето на имунолошкиот систем за кој се надева дека ќе им користи на истражувачите ширум светот да развијат нови терапии.
Исто така, ова не се единствените придобивки бидејќи дава и увид во тоа дали развојот на лекот ќе доведе до несакани ефекти, што може да остави негативни последици врз некои други делови од човечкото тело. Тоа дополнително подразбира подобри стратегии во лекувањето на пациентите и давање предвидувања за успехот на терапијата.