Пред да се појави верзијата на конзолата Nintendo Switch со OLED екран, фановите мислеа дека конечно е време за Pro верзија на овој преносен систем. Потоа се надеваа дека про верзијата ќе се појави до крајот на оваа година, но како што пренесува Gizchina, Nintendo Switch Pro се уште не е подготвен и би можел да се појави пред јавноста подоцна отколку што се очекуваше
Nintendo Switch е една од најпопуларните конзоли на сите времиња. Пред само неколку дена беа објавени финансиските извештаи на оваа компанија, кои потврдија дека од самиот почеток се продадени повеќе од 111 милиони примероци од овој гејмерски систем, што го става Switch на третото место на најпродаваните конзоли на оваа компанија, веднаш зад GameBoy со 118 милиони продадени примероци и DS со неспорни 154 милиони продадени примероци.
Да го ставиме ова во малку поинаква перспектива и да вклучиме други производители во рангирањето. На прво место секако е легендарниот PlayStation 2, додека конзолата од претходната генерација на Sony, PlayStation 4 е продадена во 117 милиони примероци. Switch е на петтото место на најпродаваните конзоли на сите времиња, Sony е единствениот конкурент, додека најпопуларната конзола на Microsoft, Xbox 360, има продадено „само“ 85 милиони примероци.
Оригиналниот Nintendo Switch беше објавен заедно со Legend of Zelda: Breath of the Wild, една од најпопуларните видео игри за системот. Првично се мислеше дека истото ќе се случи и со Pro верзијата која ќе биде објавена заедно со продолжението на легендарната Zelda. Очигледно, ништо од тоа, па ќе треба да почекаме до крајот на 2023 година за Nintendo Switch Pro, а можеби ќе зачекориме и во следната година.
Извор: Benchmark.rs