Новиот паметен телефон од кинескиот бренд Redmi е Redmi 10 5G. Станува збор за телефон кој спаѓа во категоријата на евтини или т.н. на буџетски паметни телефони, и соодветно нуди скромни спецификации.
Redmi 10 5G е опремен со IPS LCD екран со дијагонала од 6,58 инчи со Full HD+ резолуција (1080 x 2048 пиксели). Стапката на освежување на екранот е 90 Hz, а екранот е заштитен со Corning Gorilla Glass заштита, но не е наведено за која верзија се работи. На врвот на овој екран има засек во облик на капка во која се наоѓа предната камера со сензор од 5 MP. На десната страна на телефонот има скенер за отпечатоци.
На задната страна, Redmi 10 5G има правоаголен отсек кој содржи два сензори за камера и LED блиц. Сензорот за главната камера е 50 MP f/1,8, додека вториот е макро сензор од 2 MP.
Под капакот на телефонот се наоѓа батерија од 5000 mAh со поддршка за брзо полнење од 18 W, но во кутијата со телефонот доаѓа и полнач од 22,5 W.
Redmi 10 5G се напојува со чипот Dimensity 700 на MediaTek, кој доаѓа во комбинација со 4GB или 6GB LPDDR4x RAM и 64GB или 128GB внатрешна UFS 2.2 меморија. Телефонот се испорачува со Android 12 и MIUI 13 на Xiaomi.
Меѓу другите карактеристики, ќе споменеме дека телефонот има 3,5 милиметарски приклучок за слушалки и поддршка за отклучување со лице со вештачка интелигенција на телефонот.
Цената на телефонот Redmi 10 5G за верзијата со 4/128GB е околу 180 долари, додека верзијата со 6/128GB чини околу 195 долари.