YouТube влогерот Basically Homeless ја оствари својата идеја и ја претвори WC школката во гејминг PC.
Влогерот го исече казанчето за да овозможи поглед во неговата внатрешност, поделувајќи го на два дела, едниот за собирање вода, а другиот за компонентите на компјутерот за игри. Беше успешен во својот план, па најде доволно простор за се, а казанчето станала PC куќиште и ја задржа својата примарна функција.
Во оваа работа мораше да биде многу внимателен за да нема истекување на вода што би ги уништило компонентите на компјутерот.
Самиот тоалет му послужи како место за седење, а на ѕидот монтираше носач со подлога за глувче, како и монитор. Тастатурата сепак ја држеше во скут.
Целиот процес на овој необичен проект може да се види на видеото што го објави јутјуберот на својот канал.