„Роботот Optimus ќе биде пријателски насочен“, изјави технолошкиот магнат.
Американскиот милијардер Елон Маск го презентираше новиот тизер за хуманоидниот робот на Tesla којшто ќе дебитира кон крајот на септември.
На фотографијата гледаме две механички раце, симболично склопени во облик на срце, додека Маск истакнува дека Optimus ќе ги извршува секојдневните работи и ќе служи како верен следбеник на луѓето.
„Мислам дека светот ќе биде воодушевен во текот на настанот „Al Day“. Ќе прикажеме „кул“ работи“, изјавил Илон Маск во текот на неодамнешната средба со инвеститорите.
Optimus е висок 173 сантиметри, тежок 57 килограми. Покрај бројните сензори и камери, користи автопилот од возилата на Tesla за да го препознае опкружувањето и препреките.
Доволно е моќен да подигне 68 килограми, носи 20 килограми и оди со брзина од 8 км/ч., пренесува „Daily Mail“.
„Може да му кажете: Земи го овој шраф и монтирај го на автомобилот или оди во продавница и купи ги овие намирници“, открил Маск.
„Терминатор сценарио“
При претставувањето на проектот, чиј потенцијал е позначаен од произведувањето автомобили, како што вели Маск, споменато е и „терминатор сценарио“.
„Optimus ќе биде пријателски насочен кон луѓето и така конципиран така што во случај на потребите ќе може да побегнете од него или пак да го совладате“, вели технолошкиот могул.