Денес е многу нормално да ја проверите омилената GPS карта и да ја испланирате маршрутата користејќи апликација за навигација пред да патувате на место за кое не знаете многу.
Некои го прават тоа на телефон, некои на компјутер, но на многу патници денес им е заедничко тоа што многу радо, па дури и почесто користат мапи и апликации за навигација додека возат, пешачат, патуваат со автобус или на некој друг начин, бидејќи апликациите за навигација го нудат сето тоа, и повеќе.
Како, зошто и колку тоа влијае на здравјето, открија најновите истражувања.
Кога следиме одредени сообраќајни правила додека возиме, користиме цела низа моторни и нервни функции, а тоа е ситуација на која е навикнат нашиот мозочен систем и е очекувана.
Сепак, користењето на навигацијата може со текот на времето да предизвика губење на одредени когнитивни вештини, како што е потврдено од студијата од 2020 година објавена неодамна во списанието Scientific Reports, која ги објаснува двете главни стратегии што ги користи нашиот мозок кога открива каде треба да одиме.
„Едната е стратегијата за просторна меморија, а таа стратегија критички се потпира на хипокампусот, мозочен регион кој е силно вклучен во епизодното помнење и релациската меморија. Втората стратегија е стратегија на стимул-одговор и вклучува учење на серија моторни одговори, на пример, вртење лево следејќи ја насоката на кривата“, се наведува во студијата.
Според нив, тоа „води до поригидно однесување и ни овозможува да работиме како ‘автопилот’ на рутите по кои често патуваме“. Користењето GPS додека возите е поврзано со одредена форма на опаѓање на когнитивните вештини, според студијата.
„Ги анализиравме искуствата на 50 возачи, како и различните аспекти на просторната меморија, вклучително и употребата на стратегии за просторна меморија, когнитивното мапирање и кодирањето на обележјата со помош на задачи за виртуелна навигација“, објаснуваат истражувачите. Резултатите покажаа дека оние што користат GPS имале значително полоша „просторна меморија“, бидејќи се покажале полоши во навигацијата на патеките кога возеле без GPS.
За да ја подобрите просторната свест, да вежбате или да ги вратите когнитивните функции, обидете се да возите и да пешачите што е можно повеќе без навигација. Дополнително, истражувачите откриле дека тоа можете да го направите и со играње шах, редење сложувалки, играње игри со меморија или редовно вклучување во физичка активност.