Новите лаптопи ќе бидат опремени со најновиот хардвер на AMD и Nvidia, вклучувајќи AMD Ryzen Pro процесори и RTX графика на Nvidia за работни станици.
Lenovo продолжува да ја проширува својата палета на работни станици, на која им се придружуваат два нови модели објавени за време на конференцијата SIGGRAPH 2022, каде што беше откриено дека станува збор за лаптопите ThinkPad P15 и ThinkPad P14s.
Двата нови ThinkPad компјутери се разликуваат во однос на спецификациите и големината. Заедничко им е тоа што и двата имаат IPS панели за зголемена осветленост и подобра репродукција на боите. И двата уреди ги исполнуваат MIL-SPEC стандардите, се вели во соопштението.
ThinkPad P14s
P14s е помал преносен компјутер, а според Lenovo е и најлесната мобилна работна станица на компанијата со екран од 14-инчи и тежина од 1,28 кг.
Може да се конфигурира со AMD Ryzen Pro процесор од U серијата, вклучувајќи ги опциите Ryzen 5 и Ryzen 7, со најмногу осум јадра и максимална брзина од 4,7 GHz. Сепак, лаптопот не доаѓа со дискретен графички процесор. Сепак, дури и со интегрирана Radeon картичка и натаму ќе биде доволен за секојдневните работни задачи.
Опциите за складирање и меморија на помалиот уред вклучуваат до 32 GB LPDDR5-6400 RAM и до 2 TB простор на SSD дискот.
ThinkPad P15v
Поголемиот лаптоп може да се конфигурира со AMD Ryzen Pro процесор од серијата H, вклучувајќи ги и варијантите Ryzen 5 и Ryzen 7. Опремен е со дискретна графика, Nvidia RTX A2000 графичка картичка и екран од 15,6 инчи.
Лаптопот тежи нешто помалку од 2,4 кг. Доаѓа со екран од 15,6 инчи и UHD резолуција (3840 x 2160), иако има и FHD опција (1920 x 1080).
Lenovo announced new versions of the ThinkPad P15v Gen 3 and ThinkPad P14s Gen 3. The upcoming laptops run on AMD CPUs as opposed to the Intel options available today. Lenovo launched the… https://t.co/xwYRfhjKqZ #Devices #AMD #Lenovo #P14sGen3 #P15vGen3 – Follow for more
— Techzine Europe (@techzineeu) August 9, 2022
P15v нуди до 64 GB DDR5-4800 RAM и до 4TB складирање на SSD диск.
Бидејќи секоја работна станица може да се конфигурира за да одговара на специфичните потреби на корисникот, цените ќе се разликуваат, известува DigitalTrends.