Апликацијата WhatsApp најави нови функции кои на корисниците ќе им овозможат поголема приватност при користење и дејствување на оваа платформа.
Корисниците ќе можат тивко да ги напуштаат групните разговори, да контролираат кој може да го види нивниот онлајн статус, т.е. видливост, како и да ја блокираат сликата од екранот во режимот на испраќање фотографии што се прикажуваат само еднаш.
Извршниот директор на компанијата Meta, Марк Цукерберг, рече дека новата функција ќе помогне пораките на WhatsApp да бидат „приватни и безбедни како лице в лице“.
Популарната апликација моментално ги известува членовите на групниот разговор кога некој ќе го напушти разговорот, што ќе се промени со новите опции воведени од WhatsApp.
Отсега ќе може да се напушти група без да бидат известени сите други корисници на групниот разговор, туку само администраторот на групата.
Главниот директор за производи, Ами Вора, рече дека тоа е дел од фокусот на платформата на „градење карактеристики на производот што им овозможуваат на луѓето да имаат поголема контрола и приватност над нивните пораки“.
„Ниту една друга глобална услуга за пораки не обезбедува вакво ниво на безбедност за пораките, медиумите, гласовните пораки, видео повиците и резервните копии на разговорите на своите корисници.
Корисниците, исто така, во иднина ќе имаат можност да им дозволат само на одредени контакти – или никому – да го гледаат статусот на нивната онлајн активност кога се активни на платформата, со што опциите за онлајн статус ќе се усогласат со поставките „last seen“.
Ова е само еден од низата новитети што WhatsApp годинава ги претстави за своите корисници.