Xiaomi одлучи малку да го сврти вниманието од претстојните флексибилни смартфони на Samsung и да го насочи на својот нов модел во оваа категорија уреди – MIX Fold 2. Како што пренесува NotebookCheck, дизајнот е сличен како на Galaxy Z Fold 4.
Технички спецификации
Компанијата Xiaomi го искористи своето присуство на кинеската социјална мрежа Weibo, која е еден вид азиска верзија на платформата Twitter, за да ги објави на јавноста своите планови за официјално лансирање на нов телефон на преклоп, само еден ден пред Samsung официјално да ja претстави новата линија на флексибилни смартфони. Одличен тајминг, можеби малку некоректен, но нема правила во љубовта, војната и маркетингот.
Според моментно достапните информации, Xiaomi MIX Fold 2 треба да го покренува најбрзиот процесор во светот, Qualcomm Snapdragon 8+ Gen 1. Покрај тоа, се очекува 12GB работна меморија и дури до 1 TB складирање податоци , што изгледа многу слично на она што го прави Samsung. Надворешниот екран на овој уред е потпишан од Samsung и е се работи за AMOLED E5 панел со сооднос од 21:9 и резолуција од 2520×1080 пиксели. Конечно, овој екран поддржува и вертикална стапка на освежување од 120 Hz.
Што се однесува до внатрешниот дисплеј, тоа треба да биде и Eco2 AMOLED панелот на Samsung кој исто така има стапка на освежување од 120 Hz. Дополнително, се очекува поддршка за брзо жично полнење од 67 W, додека капацитетот на батеријата засега е непознат.
Датум на излегување
Xiaomi сподели со публикатауште еден интересен детал, а тоа е самиот датум на претставување на уредот. Имено, компанија својата презентација ја закажа за 11 август, само еден ден откако Samsung ќе ги претстави Galaxy Z Fold 4 и Galaxy Z Flip 4 уредите. Останува да видиме дали Xiaomi ќе успее да го сврти вниманието од овие два телефони или Samsung ќе успее успешно да се справи со напорите на својот кинески ривал.