Денеска, во рамките на Galaxy Unpacked настанот, Samsung ќе ги објави Galaxy Z Flip 4 и Galaxy Z Fold 4 флексибилните смартфони, и тоа се практично единствените уреди што ги нуди компанијата, кои имаат екран на преклопување. Прашањето е дали Samsung ќе застане само на два модели на преклопни уреди
Пред неколку дена, новиот Fold4 беше наведен на холандскиот сајт на Amazon, а фотографиите покажуваат дека ќе има малку пошироки и потенки димензии од претходникот: 158,2×128,1×6,4 мм или 158,2×67,1×16 мм.
Извори кои ги следат случувањата во овој дел од индустријата тврдат дека Samsung ќе го претстави првиот таблет компјутер со целосно преклопен екран, а станува збор за Samsung Galaxy Tab S9.
Според порталот Sammobile, Samsung досега главно се фокусираше на уредите од следната генерација Z Flip, Z Fold и Galaxy Watch, но нема многу информации за таблет компјутерот Galaxy Tab S9. Сепак, под претпоставка дека Samsung се држи до својот годишен распоред за лансирање уреди, Tab S9 серијата – и првиот флексибилен Galaxy таблет треба да бидат лансирани некаде во јануари или февруари 2023 година
Samsung експериментира со различни облици на таблет уреди
Не е тајна дека Samsung експериментира со технологијата на преклопни екрани во последните 10 години. Технологијата стана реалност со првиот Galaxy Fold телефон и напредува со секоја нова серија на овие ексклузивни модели.
Во меѓувреме, Samsung Display ја унапреди оваа технологија за да може да прикажува нови облици и форми врз основа на неговата ексклузивна технологија на преклопен екран. Компанијата има развиено прототипи кои можат двојно да се преклопат, да се лизгаат под главната површина или да се ролаат и досега патентираше десетици различни концепти. Имаше дури и актуелна идеја за производство на 17-инчен Galaxy Book лаптоп.
Имајќи го предвид сето ова, сè уште е рано да се каже каква форма ќе има првиот модел на таблет на Samsung со екран што се преклопува. Основниот принцип ќе остане ист: да се обезбеди голем екран во компактна форма што може да се прошири со преклопување.
Samsung наводно ќе ја користи таканаречената серија Galaxy Z Tab / Flex S за да ја зајакне својата позиција како водечки производител на уреди со екрани на преклоп и на тој начин во исто време да се обиде да ја зголеми популарноста на Galaxy Z Fold 4 и Galaxy Z Flip 4 уредите со проширување на понудата во овој производен сегмент.