Благодарение на новата корејска обвивка, сончевата светлина овозможува самопоправка на гребнатини на лимот за само 30 минути.
Секогаш кога ќе откриете нова гребнатина на вашето лимено милениче на паркингот, вашето срце застанува за момент, особено ако вашиот автомобил е понов автомобил.
Во блиска иднина, нема ни да знаете дека имало гребнатини на вашиот автомобил, бидејќи корејските научници од Универзитетот KRICT (Корејски истражувачки институт за хемиска технологија) измислиле нова обвивка што ќе му овозможи на автомобилот да „заздрави“ пред воопшто да забележите дека некој го изгребал со клуч или шрафцигер.
Новата обвивка содржи полимерна структура на база на акрилен полиол, со таканаречена структура на попречена уреа. Во основа, полимерите имаат динамични хемиски врски кои можат да се раскинат како одговор на стимул и потоа да се вратат во нивниот оригинален аранжман, ефикасно поправајќи ги малите оштетувања како гребнатини. Во овој случај, пресудна е топлината, која ја обезбедува органската фототермална боја која доловува инфрацрвена светлина, а исто така е вградена во облогата.
Во тестовите на модел на автомобил, тимот покажа дека облогата поправа гребнатини за 30 минути на пладневно сонце, но доколку половина час е предолго, научниците демонстрирале и дека процесот може драстично да се забрза под концентрирана светлина. Со помош на лупа за фокусирање на сончевата светлина, закрпени биле гребнатини на намален модел на автомобил за помалку од 30 секунди, како што можете да видите на ова видео.
Важно е дека новата облога е проѕирна, така што нема да влијае на боите и може да се нанесува со прскање.
Истражувањето објавено во списанието ACS Applied Polymer Materials може да се најде на овој линк.