Покрај флексибилниот смартфон Moto Razr 2022, компанијата Motorola претстави уште два телефони во Кина – Motorola X30 Pro и Motorola S30 Pro. X30 Pro е првиот паметен телефон во светот со камера од 200 MP.
Moto X30 Pro
Сензорот за главната камера од 200 MP на задната страна е имплементиран во правоаголен модул. Станува збор за 1/1,22″ Samsung ISOCELL HP1 сензор со отвор на бленда f/1.95 и поддршка за OIS. Оваа камера може да се пофали и со снимање видеа во 8K резолуција со 30 фрејма во секунда.
Вториот сензор на задната страна е ултраширок од 50 MP, додека третиот е телефото сензор Sony IMX663 од 12 MP кој нуди 2x оптички зум. Однапред се наоѓа селфи камера од 60 MP, сместена во отвор во близина на горниот дел од екранот. Се работи за сензорот Omnivision OV60a.
Предниот дел на уредот е покриен со OLED екран од 6,67 инчи со FHD+ резолуција. Стапката на освежување на екранот е 144 Hz, а максималната осветленост е 1200 нита. Уредот ппоседува и рејтинг HDR10+, а под него е скенерот за отпечатоци.
Moto X30 Pro го покренува Qualcomm Snapdragon 8+ Gen 1 чипсет, комбиниран со 8GB или 12GB RAM и 128GB, 256GB и 512GB простор за складирање. Телефонот се испорачува со Android 12 и MyUI 4.0.
Во внатрешноста се крие батерија со капацитет од 4610 mAh со поддршка за брзо полнење од 125 W. Телефонот целосно се полни за 19 минути, а има и поддршка за безжично полнење од 50 W.
Moto X30 Pro се продава по цена од 550 долари за верзијата со 8/128 GB, додека најскапиот модел со 12/512 GB е чини 670 долари.
Motorola S30 Pro
Овој телефон е опремен со Qualcomm Snapdragon 888+ чипсет. Уредот поседува 6,55-инчен OLED екран со стапка на освежување од 144 Hz. На задната страна, S30 Pro има главна камера од 50 MP со поддршка за OIS, ултраширока камера од 13 MP и сензор за длабочина од 2 MP. На предната страна се наоѓа селфи камера со сензор од 32 MP.
Смартфонот работи со Android 12 и MyUI 4.0. За автономијата на S30 Pro се грижи батерија од 4400 mAh со поддршка за брзо полнење од 68 W. Достапен е во црна и сина боја, втората со облога од вештачка кожа.
Цените започнуваат од 325 долари, па се до 430 долари.