Лидерот на пазарот со нафта и нафтени деривати „Макпетрол“ оваа година одбележува значаен јубилеј, 75 години одсвоето основање. Во овие 75 години „Макпетрол“ овозможи сигурен и ефикасен енергетски крвоток во целата држава. Компанијата растеше и се развиваше обезбедувајќи ја потребната енергија за потрошувачите, постојано стремејќи се кон подобрување на своите производи и услуги.
– Јубилеите не се само обични датуми со кои одбележуваме и оддаваме почит на тоа што го постигнал целиот колектив, тие се извонредна шанса да размислиме и да изградиме визија како да продолжиме заедно да нижеме успеси и да креираме нови вредности. За „Макпетрол“, исклучително значаен сегмент во развојот ќе бидат инвестициите во дистрибутивната мрежа. На долг рок, пак, стратешки приоритет ќе бидат обновливите извори на енергија, со цел на генерациите што доаѓаат даим се обезбеди поздрава и почиста животна средина, но и понапредно економско опкружување – велат од „Макпетрол“.
Веќе 75 години „Макпетрол“ е пионер во примената на новите технологии, секогаш подготвен успешно да одговори на современите предизвици преку континуиран напредок и постојано воведување новитети. Компанијата прва го воведе компримираниот природен гас (CNG), а размислувањата и плановите за идниот период е и воведувањето на течниот нафтен гас (LNG) што би се случило првпат на домашниот пазар. Во согласност со последните текови на глобално ниво, долгорочно, водородот и други обновливи извори на енергија би станале дел од портфолиото на брендот.
Ваквите денови секогаш нѐ тераат да погледнеме во историјата, но и да ги споделиме нашите идни планови. Започнавме во 1947 година како Трговското претпријатие за промет со нафта и нафтени деривати „Југопетрол – Скопје“, со 85 вработени и мрежа од неколку бензински станици.
Денес нашето семејство брои речиси 2.000 вработени. Изградивме мрежа од современи бензински станици и складови низ целата територија на државата, како и сопствена биорафинерија за производство на чист биодизел. Постојано ја унапредуваме дистрибутивната мрежа со инвестиции во нови, алтернативни горива и континуирано работиме на заштита на животната средина преку употребата на современи и почисти горива.
Успехот на една компанија најдобро се гледа преку бројноста на нејзините задоволни и лојални корисници. Континуирано вложуваме во квалитетот на производите и услугите, а потрошувачите тоа го препознаваат и ни ја подаруваат нивната доверба. Тоа е партнерство кое ние највисоко го цениме. Најголемата заложба, бескомпромисниот и врвен квалитет по највисоки стандарди, како и ставот дека профитот не смее да биде на сметка на квалитетот, компанијата го потврдува согарантираниот квалитет на секоја капка гориво преку секојдневна проверка во сопствената лабораторија. Континуираното вложување во развојот овозможи „Макпетрол“ да биде единствен снабдувач на авио-горива, што подразбира почитување на најригорозни стандарди за квалитет.
Изминатите 75 години „Макпетрол“ постојано е во врвот на најпосакувани работодавачи во земјата. Причината за тоа е едноставна – компанијата искрено верува дека луѓето се енергијата што ги поттикнува развојот и напредокот. Сите овиегодини двигатели на развојот, покрај потрошувачите, се вработените како најважен фактор за деловниот успех на компанијата.
– Последниве години се навистина тешки на економски план за секоја компанија, а можеме да очекуваме големи предизвици и во следниот период. Нашата верба, сепак, се темели на претходните искуства, а тие многупати ни потврдиле дека кога се има јасна визија, полесно може да се пребродат и најголемите препреки. Тоа што го постигнавме во овие седум и пол децении ни дава елан и поттик и понатаму да продолжиме да бидеме иновативни на пазарот и да овозможуваме индивидуален развој на секој од нашите вработени. Затоа што комбинацијата на овие две вредности ќе овозможи компанијата и во иднина да остане на врвот – истакнува претседателот на Управниот одбор на компанијата, г. Андреја Јосифовски.
„Макпетрол“ им се заблагодарува на своите верни потрошувачи, акционери, но секако и на своите вработени кои во текот на изминативе 75 години ја посветија својата кариера во создавање на една од најуспешните компании во Македонија.
Погледнете го промотивниот спот за 75-годишнината на „Макпетрол“.