Откако неодамна беше подложен на тестот за издржливост, дојде време Nothing Phone (1) да се расклопи и да се погледне во внатрешноста на уредот.
Расклопувањето на некој уред е секогаш интересен процес, бидејќи ни дава увид во сите оние мали и на прв поглед незабележливи детали кои го прават уредот функционален.
Има различни сензори, заштитни елементи и сè до стандардните делови како што се плоча, меморија, складиште, батерија или екран.
Зак од популарниот YouTube канал JerryRigEverything, ни ги покажа деловите од „Nothing Phone (1)“ кои не се видливи однадвор (иако телефонот има проѕирен заден дел).
Исто така, можеме да видиме како е склопен Nothing Phone (1), а jутуберот исто така се обврза да брои колку LED светла ја сочинуваат лентата под проѕирното стакло на задната страна.