OnePlus се подготвува за лансирање на својот прв смартфон на преклопување, а тоа на Twitter го навести коосновачот на компанијата, Пит Лау.
Лау објави фотографии од шарката, навестувајќи го развојот на уредот на преклоп, но не го откри името или други детали. Samsung моментно води во категоријата флексибилни смартфони, Xiaomi неодамна го претстави Mix Fold 2, Moto Razr 2022 пристигна во Кина, а сестринската компанија на OnePlus, Oppo, го претстави преклопниот Find N на крајот на минатата година и подготвува уште два такви уреди за глобалниот пазар.
Извршниот директор на компанијата ги објави фотографиите на Twitter, прашувајќи „што мислите дека е ова? Иако нема официјални информации, овој уред се очекува наскоро и ќе го користи оперативниот систем Android 13.
What do you think this is? 😉 pic.twitter.com/vrT2pzQ7jX
— Pete Lau (@PeteLau) August 12, 2022
Се шпекулира дека новиот модел ќе има некои сличности со моделот Oppo Find N, кој пристигна во декември 2021 година. Ovoj уред има екран од 7,1 инчи со брзина на освежување од 120 Hz, како и надворешен OLED екран од 5,49 инчи. Се напојува со процесорот Snapdragon 888 на Qualcomm и е поврзан со до 12GB RAM и до 512GB простор за складирање. Има три камери на задната страна, главниот Sony IMX766 сензор од 50MP, ултраширока камера од 16MP и телефото камера од 13MP. На надворешниот и внатрешниот екран се наоѓаат селфи камери од 32MP. Уредот се напојува со батерија од 4.500 mAh со поддршка за 33W SuperVOOC жично полнење.
Samsung моментано е доминантен на пазарот на уреди на преклопување, минатата недела ги претстави Galaxy Z Fold 4 и Galaxy Z Flip 4, но нови уреди со сличен дизајн претставија и Huawei, Motorola и Xiaomi.