Неодамна спроведено истражување од кинески и британски научници, покажа дека редуцираниот графен-оксид може да го извлече златото од електронскиот отпад со висока ефикасност.
Како добар спроводник на електрична енергија, златото е широко користено во електронските производи, така што извлекувањето златни ресурси од електронскиот отпад е од големо значење. Сепак, предизвик е тоа – како да се постигне висок капацитет на екстракција и прецизно одделување на златото. Тоа е предмет на испитување на група научници од Универзитетот Цингуа, т.е. Институтот за напредна технологија во Шенжен при Кинеската академија на науките и Институтот за истражување на метали во рамки на Универзитетот во Манчестер.
Според сознанијата објавени во списанието Nature Communications, овој графенски материјал може прецизно да извлече злато од електронски отпад без други метални елементи и без употреба на дополнителна енергија и материјали.
Истражувачите работат на развој на метод на атсорпција (спој со згуснување на атомите) на злато заснован на графенот како материјал.