Водечкиот бренд во глобалната индустрија за разладни тела и клима уреди Gree веќе десет години успешно работи во Македонија. Производите на Грее важат за предводници во имплементација на најновите технолошки пронајдоци и иновации за енергетска ефикасност и за заштеда на искористената енергија. Економичноста и мултифункционалноста се едни од главните карактеристики на овие клима уреди, за што сведочат и големиот број корисници. Според бројот на инсталирани клима уреди, производите на Грее се користат во над 100 000 домови и деловни објекти низ Македонија или секоја трета клима во земјава е Грее.
Компанијата започнува со работа во 2012 година, со Греемак за набрзо потоа да продолжи со Греемак Груп. Денеска Грее во Македонија директно вработува 27 лица, односно уште 100 лица од овластените партнерски центри за монтажа и продажба. Со продажни салони во скоро сите градови низ земјава, климите на Грее се достапни насекаде, а од периодот на Ковид пандемијата со цел да бидат што поблиску до купувачите отворена е и онлајн продавница.
Од компанијата велат дека освен врвниот квалитет на клима уредите, еднакво важни за досегашниот успех и довербата од купувачите се и големата достапност и услугата. Така што, освен овластените монтери, од 2021 година функционира и специјализираниот сервис GT Control, којшто е 100% посветен на брендот GREE. Во склоп на компанија вработени се и проектанти за изработување наменски решенија за големи комерцијални објекти. Потврда за квалитетот на Грее климите е и десетгодишната гаранција со редовна годишна проверка.
Во овие десет години постоење на македонскиот пазар, Грее има воспоставено редовна општествена одговорност преку донации и помош на ранливи категории и семејства во социјален ризик.
За својот начин на работа како и за односот и грижата кон заедницата и потрошувачите, компанијата е добитник и на многу признанија, меѓу кои и признанието од Сојузот на Стопански комори.