Од австралискиот универзитет RMIT доаѓа иновација во технологијата на изработка поеколошки бетон, која со користење на отпадни гуми ги намалува трошоците за производство и транспорт
Автомобилските гуми сочинуваат голем дел од отпадот во светот, а до 2030 година, околу 1,2 милијарди парчиња секоја година ќе завршуваат во светскиот отпад, од кои добар дел се рециклира. Во производството на бетонски мешавини веќе се употребени помали количества користени автомобилски гуми, каде што би можеле да заменат помал дел од агрегатот за чакал.
Сепак, обидите да се замени голем дел од агрегатот со користени гуми резултираше со послаб бетон кој не можеше да ги исполни градежните стандарди. „Се досега“, порачуваат од австралискиот универзитет RMIT.
Со компресија до цврстина
Нивната студија, објавена во списанието Resources, Conservation & Recycling, опишува лесен структурен бетонски процес во кој целиот традиционален чакал агрегат се заменува со гума од користени автомобилски гуми. Тоа е прв пат бетонот со толку голем удел на гума да се покаже доволно цврст, а тајната на неговиот начин на производство лежи во калапите. При излевањето на бетон, груб гумен агрегат се компресира во свеж бетон, што ги подобрува неговите карактеристики.
Оваа технологија се заснова на иновации кои беа претставени минатата година на истиот универзитет, а нејзините пронаоѓачи го иницираа процесот на заштита на патент. „Бидејќи голем дел од типичниот бетон е груб агрегат, неговата замена со отпадна гума може значително да го намали користењето на природните ресурси, но и да помогне во решавањето на предизвикот за отстранување на отпадните автомобилски гуми“, изјави професорот Жи Ли, водачот на тимот што ја разви оваа технологија.
Дополнителна предност авторите гледаат во тоа што не е дозволено извоз на половни автомобилски гуми од Австралија, па затоа е клучно да се најдат начини за рециклирање на големи количини гуми во таа земја.
Нивното инкорпорирање во конструктивен бетон би можело да овозможи изградба на евтини станбени објекти, како во руралните делови на Австралија, така и во остатокот од светот, велат од RMIT.
Следниот чекор на научниците ќе биде зголемување на производството и примена на истата технологија за армирани бетонски конструкции.