Гласините за тоа како Xiaomi работи на мобилен уред со камера сензор од дури 200 мегапиксели се присутни уште од летото минатата година, кога се зборуваше дека еден од телефоните од серијата 12 ќе има камера со огромна резолуција. Во овој момент конечно се знае за кој смартфон се работи.
Имено, на фотографијата која се појави на интернет, под двојниот блиц на модулот на камерата јасно се гледа потписот „200 MP“, кој неодоливо наликува на оној што го видовме на Redmi K50 Ultra. Според изворот од кој потекнува фотографијата, станува збор за Xiaomi 12T Pro, член на Т серијата уреди, која традиционално се појавува по претставувањето на флегшип телефонот од актуелната серија, во случајов Xiaomi 12S Ultra. Според извештаите, сензорот за кој станува збор е веќе надалеку познатиот Samsung ISOCELL HP1. И Xiaomi ќе има коњ во трката до највисок можен број на мегапиксели, а останува прашањето дали таквите бројки се неопходни и значајни.
Во моментов се познати многу малку детали за овој смартфон, кој ќе биде првиот уред на Xiaomi со резолуција на сензорот за главната камера од 200 MP. Се претпоставува дека ќе го полренува Qualcomm Snapdragon 8+ Gen 1, моментално најмоќниот чипсет на пазарот.