Microsoft го потврди новиот проблем со Windows Update, овојпат предизвикан од неодамнешното ажурирање што компанијата го испорача на неколку верзии на Windows.
Компанијата забележува дека проблемот се јавува при обидот да се инсталира ажурирањето „KB5012170“ и наведува дека корисниците може да ја добијат грешката „0x800f0922“.
Според компанијата, следните верзии на Windows се засегнати од овој проблем:
Windows 11, верзија „21H2“
Windows 10, верзија „21H2“
Windows 10, верзија „21H1“
Windows 10, верзија „20H2“
Windows 10 Enterprise LTSC 2019“
Windows 10 Enterprise LTSC 2016“
Windows 10 Enterprise 2015 LTSB“
Windows 8.1
Иако сè уште нема целосна официјална поправка во овој момент, откриено е решение за засегнатите уреди. Сепак, тоа не е достапен за сите корисници.
„Овој проблем може да се реши на некои уреди со ажурирање на „UEFI“ биосот до најновата верзија, пред обидот да се инсталира ажурирањето „KB5012170“. Следни чекори: Во моментов го истражуваме проблемот и ќе понудиме ажурирање со следното издание на софтверот“.
Неколку верзии на Windows Server се исто така погодени од проблемот, вклучувајќи ги Windows Server 2022, Windows Server верзија 20H2, Windows Server 2019 и Windows Server 2012.