Кина разви нов систем на беспилотни летала за модификација на временските прилики, способни за детекција на облаци, дожд ветрови и аеросоли во воздухот додека се во лет.
Успехот на првиот лет означува пробив за беспилотните летала од кинеско производство за детекција и модификација на временските прилики. Тие летала можат да придонесат за намалување на катастрофи и еколошка заштита, објавија од China Aerospace Science and Technology Corporation.
Платформата, која се одликува со големо оптоварување, долготрајност, ниски трошоци за одржување и брзо поставување, го заврши својот 75-минутен лет од аеродромот во северозападната кинеска провинција Шанси, пренесе новинската агенција Xinhua.