iPhone 14 сè уште не е официјално претставен, а веќе имаме информации за потенцијалната иднина на мобилните уреди на компанијата Apple. Имено, како што наведува порталот PhoneArena, Apple одлучил да ја патентира керамичката конструкција за некои од своите идни уреди направени од материјалот наречен наречен циркониум.
Сите знаеме што се циркони и колку убаво одблеснуваат на сонце, но циркониумот е сосема поинаква материја. Се работи за материјал кој покажува одлични механички, термички и хемиски својства (тој е биокомпатибилен), и се смета за најтврд монолитен керамички материјал. Сите овие својства го прават циркониумот поволен за производство на сечива за ножеви, забни импланти, вештачки колкови и колена и многу повеќе.
Сега можеби се прашувате каква врска имаат овие моќни медицински и не толку медицински употреби со мобилните телефони. Покрај тоа, циркониумот е пријатен на изглед и допир, а комбинацијата на визуелни својства и одлични физички и механички карактеристики би можела да биде идеален спој за новата генерација на iPhone уреди, со сите одлични маркетиншки слогани кои би оделе со циркониумот и керамиката, бидејќи ова е материјал кој е супериорен и во однос на пластиката, стаклото и металните легури што се користеа досега.
Керамички iPhone
Што нè доведува до керамичките уреди на Apple, најпрвин iPhone, а потоа и Apple Watch. Според информациите кои се присутни во патентната документација на името „Електронски уреди со компоненти од циркониум“, овие уреди треба да имаат мат финиш со одредена текстура, која би била „пријатна на допир“. Понатаму, овој материјал би можел да се користи за страниците на уредот, како што се оние присутни на паметните часовници или за целата позадина на iPhone.
Секако, мораме да нагласиме дека ова не е прв пат керамиката да се користи на мобилните телефони, бидејќи веќе имавме уреди од Samsung и Xiaomi (Galaxy S10 Plus и Xiaomi Mi 11 Ultra) кои користеа керамика. Сепак, сите го знаеме Apple и знаеме какви маркетиншки волшебници работат во оваа компанија, па не се сомневаме дека ова би претставувала нова револуција.