Дизелот и екстра лесното масло за домаќинства поскапуваат за два денара од полноќ, а нема промени кај цените на бензините и на мазутот М-1, одлучи денес Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.
Од ноќеска на полноќ дизелот поскапува за два денари и ќе се продава 92 денари по литар.
Цената на ЕУРОСУПЕРОТ 95 и ЕУРОСУПЕРОТ 98 останува иста, односно 88,5 и 91 денар.
Непроменета останува и цената на мазутот 52,8 денари, а се зголемува цената на екстралесното масло од 86,5 на 88,5 денари по литар.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 0,179%, кај дизелот зголемување во просек за 3,807%, кај екстра лесното масло зголемување во просек за 3,803% и кај мазутот намалување во просек за околу 1,760%.