Инвестицијата во фабриката за батерии за електрични возила е вредна неверојатни 7,3 милијарди евра
Кинеската компанија CATL во Унгарија планира да изгради фабрика за батерии за електрични возила од 7,3 милијарди евра. CATL најави дека изградбата на фабриката од 100 GWh во Дебрецен ќе биде нејзина најголема странска инвестиција, а изградбата ќе започне оваа година по добивањето на одобрение и не треба да трае повеќе од 64 месеци.
Откако ќе се изгради, ќе биде најголемата фабрика за батерии во Европа и втора фабрика на CATL во регионот по онаа во Германија, која ќе произведува батериски ќелии и модули за Mercedes-Benz, BMW, Stellantis и Volkswagen. Оваа инвестиција ја позиционира Унгарија како главен центар за електрични возила и батерии во Европа.
Во Дебрецен фабрика гради BMW, додека брендот Audi има фабрика во Ѓер во западна Унгарија, а Mercedes има фабрика во Кечкемет, во централниот дел на земјата.