Компанијата Adidas ги претстави Bluetooth слушалките RPT-02 SOL, кои користат сончева енергија за полнење на батеријата.
Соларните уреди не се ништо ново, многу компании ги произведуваат, но соларните слушалки сè уште се реткост. Adidas ги претстави слушалките RPT-02 SOL кои се поврзуваат со уреди преку Bluetooth и имаат вградени соларни ќелии Powerfoyle на Exeger.
Самите слушалки се направени од рециклирана пластика. Овие слушалки нудат 80 часа „резерва“ во батеријата дури и во темна просторија каде што не се изложени на сончева светлина.
Слушалките се водоотпорни според стандардот IPX4, имаат микрофон, како и USB-C приклучок за дополнително полнење.
Цената на слушалките изнесува 230 долари.
На пазарот има уште некои слушалки кои ја користат истата технологија, а меѓу нив е и моделот Urbanista Los Angeles. Исто така, тука се и слушалките Blue Tiger чија цена е 220 долари.