Google Meet обезбедува онлајн видео комуникација и за лични и за корпоративни потреби. Платформата е доста разновидна, со апликации достапни за различните типови уреди, а работата со неа е лесна.
Меѓу дадените опции се оние за криење и замена на позадината во реално време. Сега Google прави значајна промена, ограничувајќи ги системските ресурси што се користат и го подобрува препознавањето на границата помеѓу човекот и околината. На тој начин нема да бидат видливи деловите од вистинската позадина.
Меѓу опциите се различни нивоа на замаглување на заднината, приспособливи статични слики, повторување на видео позадини итн. Од Google велат дека го подобриле системот за препознавање и во веб верзијата на апликацијата, потпирајќи се на cloud систем за оваа намена.
Meet автоматски ќе се прилагоди на уредот и ќе се префрла помеѓу обработка на уредот или во облак. Cloud computing ќе се потпира на системи со процесори со четири или помалку јадра. Така, оптоварувањето на процесорот ќе се намали за 30%, што исто така ќе доведе до заштеда на енергија.
Овие промени се случуваат на сервер, што значи дека ќе се применат автоматски. Позадините и видео ефектите во реално време ќе бидат достапни само на одредени уреди, а обработката во облак е само за профили на претпријатијата.