Програмерот Стив Мозер откри во кодот на апликацијата Netflix за iOS дека офлајн гледањето нема да биде поддржано на евтиниот пакет со реклами
Тед Сарандос, коизвршен директор на Netflix потврди на крајот на јуни дека ќе компанијата воведат ќе воведе пакет со реклами на платформата за стриминг, а не долго потоа беше откриено дека нивен партнер за рекламирање ќе биде Microsoft.
Иако на почетокот се мислеше дека тоа ќе биде претплатен пакет кој ќе ги има сите исти карактеристики како и поскапите пакети, без реклами, се чини дека тоа нема да биде така. Имено, програмерот Стив Мозер откри текст во кодот на апликацијата Netflix за iOS, во кој се наведува дека офлајн гледањето на содржината нема да биде достапно на евтиниот пакет на компанијата со реклами.
„Преземањето е достапно на сите пакети освен на Netflix со реклами“, гласи кодот на апликацијата.
Со други зборови, корисниците кои ќе се одлучат за евтин претплатен пакет нема да можат да преземаат филмови и серии за да можат да ги гледаат без интернет конекција. Да потсетиме дека ова е опција која ја имаат сите останати Netflix пакети.
Netflix сè уште не го коментираше откритието на Мозер, а општите детали за пакетот за претплата поддржан од реклами се непознати. Компанијата се очекува да го објави кон крајот или почетокот на следната година.