Покрај тоа што го објави смартфонот Honor 70 за кој известивме вчера, компанијата Honor на медиумскиот настан во Малезија претстави уште два уреда за глобалниот пазар – лаптопот MagicBook 14 и таблет уредот Pad 8.
MagicBook 14
Овој преносен компјутер е претставен во две варијанти, една со интегриран графички чип на Intel и една со графичка картичка Nvidia RTX 2050. Двете верзии имаат ист 14-инчен IPS екран со QHD+ резолуција и Corning Gorilla Glass заштита. Што се однесува до процесорот, лаптопот го покренува Intel Core-i5 од дванаесеттата генерација. Овие лаптопи имаат 16 GB LPDDR5 RAM меморија со 512 GB PCIe Gen4 SSD простор за складирање и батерија од 75 Wh. Цената за основниот модел е 960 долари, додека верзијата со дискретна Nvidia графика чини 1.140 долари.
Pad 8
Honor Pad 8 има 12-инчен IPS дисплеј и го покренува мобилниот чипсет Qualcomm Snapdragon 680. Цената за варијантата на овој едноставен таблет компјутер со 6 GB работна меморија и 128 GB простор за складирање податоци изнесува 300 долари.
Honor 70 достапен глобално – го освежува средниот сегмент на пазарот