Просечниот животен век на батеријата на еден смартфон изнесува една до две години, а со правилна употреба може да се продолжи нејзината трајност.
Во продолжение, прочитајте што е мит, а што е вистина за полнењето на батеријата на смартфонот.
Не е добро да се користи телефонот додека се полни
Мит – Телефонот може да го користите кога сакате и колку сакате, сѐ додека не користите некој „сомнителен“ полнач. Единствен „проблем“ е што полнењето ќе трае подолго, но тоа е логично, нели?
Полнењето во текот на цела ноќ ја уништува батеријата
Вистина – Ок, делумно. Повеќето смартфони препознаваат кога им е полна батеријата и го прекинуваат полнењето. Сепак, не е добро да ви стои телефонот на полнач цела ноќ и тоа да се случува постојано. Батеријата ќе ви трае подолго ако го чувате телефонот на капацитет меѓу 40 и 80%.
Никогаш не го исклучувајте смартфонот
Мит – Иако е технолошки уред, и на телефонот му треба одмор. Ако не морате да бидете достапни цело време, одвреме-навреме исклучете го телефонот. Се препорачува тоа да го правите во текот на една ноќ еднаш неделно.
Подобро е да ја дополнувате бетеријата постојано, отколку секојпат да тргнувате „од нула“
Вистина – Литиум-јонските батерии што ги имаат повеќето современи смартфони подобро се држат кога се наполнети. Ако постојано ги „цедите“ до последна „цртка“ може да станат нестабилни.
Топлината ја уништува батеријата
Вистина – Батериите не трпат високи температури, а литиум-јонските батерии веќе доволно се загреваат со полнењето и работењето на смартфонот. И прекумерно ладното време и услови не се добри за батеријата, бидејќи во такви услови побрзо се празни.