Motorola ја претстави третата генерација на Motorola Edge телефоните од средната класа. Третата генерација едноставно се нарекува Motorola Edge (2022) и го претставува самото срце на средната класа, позиционирана помеѓу флегшип и евтините смартфони.
Motorola Edge (2022) е првиот паметен телефон во светот покренуван од новиот чип MediaTek Dimensity 1050. Тоа е чип од 6 nm со поддршка за mmWave 5G, што е неговата клучна продажна точка. Чипот има две Cortex-A78 CPU јадра со такт од 2,5 GHz и шест A55 јадра со такт од 2,0 GHz. На графичката страна, има графички процесор Mali-G610 MC3. Овој чип во Motorola Edge (2022) доаѓа во комбинација со 8 GB RAM и 256 GB внатрешна меморија. Нема слот за microSD картичка. Телефонот се испорачува со Android 12.
Димензиите на телефонот Moto Edge (2022) изнесуваат 160,86 мм x 74,24 мм x 7,99 мм и тежи 170 грама. Предниот дел од уредот е покриен со 6,6 инчен OLED екран со резолуција од 1080 x 2400 пиксели и сооднос од 20:9. Стапката на освежување е високи 144 Hz, што е импресивно за оваа ценовна категорија. Екранот има и поддршка за HDR10+, а под него има и скенер за отпечатоци.
На задната страна, овој телефон има три камери – главен сензор од 50 MP (f/1,8) со OIS поддршка, 13 MP (f/1,5) ултра широк сензор со видно поле од 120 степени (овој сензор може да прави и макро фотографии) и сензор за длабочина. Главната камера може да снима 4K со 60 fps. На предната страна се наоѓа селфи камера од 32 MP.
Батеријата од 5000 mAh со поддршка за брзо полнење од 30 W и безжично полнење од 15 W е одговорна за автономијата на телефонот.
Другите карактеристики вклучуваат двојни звучници со поддршка за Dolby Atmos, а се одликува и со рејтинг IP52 за водоотрпоност. Исто така, важно е да се спомене дека телефонот не доаѓа со полнач, туку само со USB-C кабел.
Цената на смартфонот се уште не е позната.