За тоа дека Galaxy S23 Ultra ќе има камера од 200 MP се „шпекулира“ веќе некое време, но се чини дека сме се поблиску до официјална потврда
Samsung користи сензори од 108 мегапиксели на своите Ultra модели уште од сериите Galaxy S20 и Note S20, но тоа ќе се промени. Имено, како што пренесува корејската новинска агенција ET News, компанијата им потврдила на своите партнери дека Galaxy S23 Ultra ќе има камера од 200 MP.
Иако сега станува збор за информации од поверодостојни извори, потсетуваме дека ова не е прв пат да се „шушка“ за ова. Гласините дека Samsung ќе ги опреми своите Ultra модели со камера од 200 мегапиксели почнаа да се појавуваат кога го објавија нивниот ISOCELL HP1 сензор во септември 2021 година, пишува Android Authority.
Дополнително, познатиот дојавувач Ice Universe во средината на јули објави информација дека Galaxy S23 Ultra ќе има камера од 200 мегапиксели, а подоцна, на почетокот на август, тој рече дека ќе го користи се уште непретставениот ISOCELL HP2 сензор.
Како што пишувавме претходно, Samsung во последните десет месеци претстави два сензори од 200 мегапиксели за паметни телефони, ISOCELL HP1, кој веќе го најде своето место во неодамна претставениот предводник на Motorola и ISOCELL HP3.