Апликацијата базирана на вештачка интелигенција е предвидено да се користи во индустријата и да помогне во намалувањето на емисиите на јаглерод преку продолжување на животниот век на стоките за широка потрошувачка.
Технолошките гиганти наскоро ќе се запознаат со најсовремениот изум базиран на вештачка интелигенција со потенцијал да го продолжи животниот век на батеријата на паметните телефони за цели 30 проценти и да заштеди безброј киловати на сметките за енергија.
Оваа револуционерна технологија е развиена од експерти од Универзитетот во Есекс и е вградена во апликацијата наречена EOptomizer, која ќе биде изложена на истражувачи специјалисти и дизајнери, како и на големите производствени компании како Nokia и Huawei.
Предвидено е апликацијата EOptomizer да се користи низ индустријата и да помогне во намалувањето на емисиите на јаглерод преку продолжување на животниот век на стоките за широка потрошувачка.
Ова би се постигнало со користење на софтвер за значително зголемување на ефикасноста и доверливоста на батериите во телефоните, таблет уредите, автомобилите, паметните фрижидери и лаптопите, со што ќе се одложи времето кога клиентите треба да купат замени, што зад себе остава јаглерод отпечаток.
Софтверот развиен од поранешни вработени во Samsung, Microsoft и HCL Technologies користи вештачка интелигенција (AI) за да ги оптимизира перформансите на чипот, производството на топлина и ефикасноста. Работата ја предводеше др. Амит Синг од Факултетот за компјутерски науки и електронско инженерство во Есекс.
„Многу сме возбудени што можеме да го покажеме она на што го рабптевме со некои од најголемите светски компании. Се надеваме дека оваа апликација ќе им го подобри животот на сите, ќе заштеди пари и ќе помогне во зачувување на животната средина. Ова ќе биде првиот чекор кон она што се надеваме дека ќе биде наша апликација во рацете на потрошувачите ширум светот. Земајќи ги во предвид проценетите 50 милијарди уреди до 2025 година и многу повеќе потоа, EOptomizer има голем потенцијал да помогне да се постигне целта за нето нула емисии за Велика Британија и целиот светот, вели порачува Синг.
EOptimizer анализира како се користат апликациите во текот на денот и ја оптимизира потрошувачката на енергија.