Според некои проценки, дури половина од светската популација ќе има некаква форма на кратковидост до 2050 година.
Јапонската компанија Kubota Pharmaceutical развива интересни очила кои би можеле да помогнат во лекувањето на кратковидноста без потреба од операција. Во студијата објавена во списанието Nature, научниците кои го спровеле истражувањето за Kubota Pharmaceutical ги користеле нивните Kubota Glass очила како неинвазивна алтернатива за операцијата на очи за лекување кратковидност.
Очилата функционираат така што ја стимулираат мрежницата со светлина и потоа го заматуваат погледот во близина, што го тера тој што ги носи да гледа далеку. Тоа го намалува притисокот врз очното јаболко, кое поради намачениот прититок се враќа полека во оригиналната тркалезна форма, што влијае на самиот вид.
Во текот на истражувањето се покажало дека со очилата Kubota Glass се намалува развојот на миопијата со стимулирање на мрежницата, а истовремено се задржува централниот вид и не влијае на дневните активности на корисниците на очилата.
Со оглед на тоа дека меѓу светската популација се повеќе луѓе патат од кратковидност, а според некои проценки, до 2050 година 1/2 од светската популација ќе има некаков облик на кратковидност, ваквите неинвазивни алтернативи за подобрување на видод изгледаат многу подобри и поевтини од, на пример, ласерските операции.