Млади од 16 до 20 години денеска во МКЦ Џебно кино ќе имаат можност да научат како се креира и објавува АR филтер на Instagram.
Целта на работилницата, како што информираат од „Здраво млади“, е да се истражи потенцијалот на Аугментираната Реалност како медиум за креативно изразување, раскажување приказни и пренесување/амплифицирање на пораки.
Низ практични примери и работа во софтвер за реализација на #AR филтри, учесниците ќе научат како се скицира, тестира и објавува AR филтер. На крајот од работилницата, учесниците ќе се здобијат со основно познавање на софтверот SparkAR, како и ќе имаат создадено свој AR филтер.
Работилницата е бесплатна и не е потребно претходно искуство со аугментирана реалност за да се учествува.