Откако Android 13 конечно стана достапен за уредите на Google, се поголем е фокусот на функциите што доаѓаат во новиот софтвер.
Интересно е што една од новите функции е всушност идеја која првпат се појави на iOS и iPhone уредите. Станува збор за поддршка за овозможување пристап до одредени фотографии во галеријата, кога тоа го бара апликацијата.
Со други зборови, апликациите веќе немаат пристап до целосната галерија, туку само до фотографии и видео записи кои корисникот конкретно ги избира.
„Помина времето кога требаше да ја споделите целата ваша медиумска библиотека со вашите апликации. Во Android 13, можете да изберете одредена фотографија или видео до кое апликацијата може да пристапи“, објаснува Google.
Како што споменавме, Apple веќе ја нуди оваа функција на iPhone уредите од објавувањето на верзијата iOS 15. Додека многумина го обвинуваат Google дека го копира својот ривал, нема сомнеж дека тоа е опција која е неопходна, без разлика кој прв ја додал.
Android 13 моментално е достапен само за Google Pixel телефоните, но повеќе производители на Android уреди ќе почнат да го имплементираат на своите уреди во наредните месеци.