Пет германски алпски глечери би можеле да исчезнат во рок од 50 години, смета експертот Кристоф Мајер.
Високите температури и недостигот од дожд годинава отежнаа глечерите да останат замрзнати, а токму поради тоа драматично се стопија.
„Ако ги погледнете сите глечери во Алпите, тогаш мора да се каже дека ситуацијата е поинаква со германските глечери. Во Алпите има околу 3.000 глечери, како и неколку многу големи глечери кои ќе постојат уште многу долго, но прогнозата за германските глечери е многу полоша. Глечерите во Берхтесгаден ќе исчезнат за неколку години, а два поголеми ќе постојат уште 10 или 15 години. Потоа веројатно ќе дојде крај“, изјави Мајер.
На највисоката германска планина е забележан најтенката снежна прекривка од 1901 година. Мајер тврди дека е најважно да се намали емисијата на штетните гасови.