Намалувањето на штети може да се опише како правец на делување насочен кон поединци или групи со цел да се намалат штетите поврзани со одредено однесување. Концептот за намалување на штети, кој му припаѓа на доменот на јавното здравје, првично беше развиен за возрасните со проблеми со употреба на опојни дроги, за кои апстиненцијата не беше изводлива, а со тек на времето се прошири на многу области од животот.
Намалувањето на штети еволуираше со текот на времето, од неговата првична идентификација во 1980-тите, кога служеше само како алтернатива на интервенциите ориентирани кон апстиненција кај возрасните со нарушувања од употребата на супстанции. Дури и тогаш, беше препознаено дека апсолутната апстиненција не е реална цел за сите зависници. Дополнително, оние лица кои билезаинтересирани да ја намалат нивната употреба, но не целосно да престанат, биле исклучени од програмата за апстиненција.
Концептот за намалување на штети ја нагласува потребата таквите јавни здравствени политики да се засноваат на истражување, наместо на стереотипите кои вообичаено им се припишуваат на луѓето со ризично однесување. Овој пристап е одобрен и поддржан од највисоките институционални здравствени власти во светот и стана составен дел од законодавството на повеќе земји.
Намалувањето на штетите се применува во секојдневните општествени активности, а карактеристични примери се употребата на сигурносни појаси во автомобилите или кациги при возење мотоцикл. Вакви примери може да се најдат во сите сфери на животот, вклучително и во тутунската индустрија. На овој начин, возрасните пушачи, кои инаку би продолжиле да пушат, ќе продолжат да уживаат во ритуалот кој го сакаат и во никотинот, но со многу помали штети по нивното здравје, а што може да има далекусежни позитивни ефекти по вкупното јавното здравје.
Според Светската здравствена организација, моментно во светот има повеќе од милијарда активни пушачи. Иако некои пушачи успеваат да се откажат од оваа лоша навика со силна волја, на многумина им е потребна помош во форма на лекарски консултации и никотински замени. Сепак, на крајот на денот има и такви кои едноставно не сакаат да се откажат од тутунот. Во такви случаи, можно е да се примени концептот за намалување на штети.
Концептот за намалување на штети од тутунот се однесува на стратегии дизајнирани да ги намалат здравствените ризици поврзани со пушењето цигари, но кои може да вклучуваат континуирана употреба на никотин или уреди без чад. Се работи за еден вид промоција на употреба на иновативни, помалку штетни алтернативи на цигарите. На овој начин, возрасните пушачи, кои инаку би продолжиле да пушат, ќе продолжат да уживаат во ритуалот кој го сакаат и во никотинот, но со многу помали штети по нивното здравје, а што може да има далекусежни позитивни ефекти по вкупното јавното здравје.
Современата технологија развиена од тутунската индустрија им нуди можност на сите постоечки возрасни пушачи кои не сакаат да се откажат од цигарите да се префрлат на некои од уредите без чад кои работат на база на загревање на тутунот, наместо да го согоруваат, со што се елиминираат до 95 проценти од штетните материи кои се наоѓаат во чадот од тутунот.
Така, електронските цигари или производите кои го загреваат тутунот претставуваат модерна алтернатива на тутунскиот чад и затоа го намалуваат ризикот од несакани ефекти и болести кои традиционално се припишуваат на консумацијата на цигари.