Кина денес успешно лансираше нов сателит во вселената, од Центарот за лансирање сателити Xichang во југозападната кинеска провинција Сечуан, објави агенцијата Xinhua.
Сателитот Chuangxin-16, развиен од Кинеската академија на науките, беше лансиран во 10:36 часот со ракета-носач Kuaizhou-1A и успешно влезе во планираната орбита.
Сателитот главно ќе се користи за научни експерименти и за тестирање нови технологии.
Лансирањето беше 16-та мисија од серијата ракети Kuaizhou-1A.