Најверојатно ќе треба да почекаме подолго од очекуваното за да добиеме MacBook лаптоп со 3 нанометарски процесор. Ова го покажуваат податоците на аналитичарот Минг-Чи Куо, кој додава дека Apple подготвува нови лаптоп модели од 14 и 16 инчи, кои сепак, најверојатно ќе имаат чипови од 5 нанометри.
Овие лаптопи ќе бидат пуштени во масовно производство во последниот квартал од годината. Претходните извештаи укажуваа дека Apple би можел наесен да лансира MacBook Pro модели со своите нови процесори M2 Pro и M2 Max.
New 14" and 16" MacBook Pro with new processors will enter mass production in 4Q22. Given TSMC's guidance that the 3nm will contribute revenue starting in 1H23, processors of 14" and 16" MacBook Pro models may still adopt the 5nm advanced node.
— 郭明錤 (Ming-Chi Kuo) (@mingchikuo) August 22, 2022
Како што можете да се види, сè уште постои голема неизвесност околу идните дополнувања на компанијата на лаптоп компјутерите. Сепак, се очекува повеќе да дознаеме за плановите на Apple во текот на октомври. Во меѓувреме, се разбира, ќе се појават најразлични информации.