Неодамна Samsung ги претстави своите нови смартфони со екрани на преклопување, Galaxy Z Fold4 и Z Flip4, при што поголем интерес на потрошувачите има за вториот уред. Во меѓувреме, на PBKreviews веќе се појави видео на кое може да се види расклопувањето на Galaxy Z Flip4.
Годинашниот модел не изгледа многу поразличен од својот претходник, како однадвор, така и одвнатре. Така, уредот повторно е многу тежок за поправка, иако тоа е очекувано со оглед на неговата природа.
Батеријата е поделена во две ќелии, по една од двете страни на паметниот телефон, кои се залепени и делумно под неколку други компоненти. Во овој случај не се ни отстранува внатрешниот екран, а за ова дејствие има насоки кај минатогодишниот модел, бидејќи процесот е особено комплициран.
Генерално, разликите со Flip3 се минимални, вклучувајќи ја и промената на некои конекции, батеријата е поврзана на дното под камерите и присутна е само една антена за mmWave 5G.